• Почетна
  • ЛЕТО 2021
  • ЕКСКУРЗИИ
  • Општи услови
  • COVID19
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Хотели Албанија
  • Валона-Хотел Примавера 3*
  KAраџа Турс Битола
  • Почетна
  • ЛЕТО 2021
  • ЕКСКУРЗИИ
  • Општи услови
  • COVID19
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Хотели Албанија
  • Валона-Хотел Примавера 3*

​БЕЛГРАД - НОВИ САД – БЕЛГРАД ПОД ЗЕМЈА


30.04.2021   Состанок на групата во 22:00 часот и заминуавње за Србија, преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности.
 
01.05.21 Пристигнување во Белград во утринските часови, средба со локален водич разглед на градот: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Попладнето слободно време за прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан, Скадарлија .Слободно време .   Вечерта поаѓање за црквата св.Сава или Св. Марко, каде се прославува Исусовото воскреснување.  Ноќевање.
 
02.05.21 Појадок. Ден за факултативни посети или слободни активности. Во пладневните часови факултативен излет до Нови Сад - разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина... Посета на шопинг центар во Инџиа. Враќање во Белград можност за вечера на Скадарлија или 2,5 часовно крстарење . Ноќевање
 
03.05.21 Појадок. Посета на Београд под земја  -Калемегдан,  Караџорџева Капија, Бункаерот на инфобирото од 1948, Римскиот тунел , винскиот магацин... По завршување на турата . Слободно време или опција за  организиран ручек на Скадарлија.
 
04.05.21 Пристигнување во Битола во раните (или ноќните) утрински часови.
 
ЦЕНА: 6600.оо денари
 
Во цената се вклучени следните услуги:
- превоз на дадената релација
- сместување во хотел со 3* - 2 ноќевања со појадок
- Посета на Белград под земја со локален стручен водич
- разгледување на Белград со локален водич
- организација и водство на групата со лиценциран придружник
-патничко и здравствено осигурување
 
Во цената не се вклучени следните услуги:
- излет до Нови Сад - разглед со водич, со посета на шопинг центар во Инџија – 25 евра
- крстарење по Сава и Дунав – 15 евра
- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
 
НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
-          За ова патување не е потребен PCR тест.
-          За ова патување влезот во Р.Србија – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
-          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
​
За отказ на резервација важат опшите услови, односно :
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на т.а. Караџа Турс

Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • Почетна
  • ЛЕТО 2021
  • ЕКСКУРЗИИ
  • Општи услови
  • COVID19
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Хотели Албанија
  • Валона-Хотел Примавера 3*